Француската полиција вечерва во Стразбур го уби 29-годишниот Шериф Шека, кој пред два дена во нападот во францускиот град уби три лица, пренесе Анадолу Агенцијата (АА).
Според пишувањето на француските медиуми, Шекат бил убиен во полициска операција изведена на улицата Лазарет.
Во Стразбуру се слушале истрели, а во текот на рацијата тешко воружени полицајци со штитови и автоматско оружје упаѓале во домовите и на улицата Епинал. Наоружаните француски полицајци претходно избршиле рација и во населбата Нејдорф во Стразбур, во потрага по напаѓачот.
За Шекат, кој беше во бегство, трагале околу 720 полицајци ширум источна Франција.
Потсетуваме, Франција ја крена безбедносната закана на највисоко ниво.
Во нападот во вторник, три лица беа убиени, а 12 беа повредени, од кои осум се сериозно.










