Почитувани!
Ве известуваме дека заради настанат дефект (оштетување) на главна доводна цевка од системот за водоснабдување на населба Подгорци, се воведува прекинување на водоснабдувањето со вода започнувајќи од вечерва се до текот на утрешниот ден (петок) 14.12.2018 год до 16.00 часот за кога се предвидува дека ќе биде одстранет овој дефект и овозможи нормално снабдување и проток на вода во системот за водоснабдување на населба Подгорци.
Притоа, користејќи ја останата количина на вода која моментално се наоѓа во системот за водоснабдување, Ви препорачуваме да ја искористите што е можно поекономично, се до утрешното санирање на овој дефект.
Ви благодариме на разбирањето!
Со Почит,
Месна Самоуправа Подгорци










