Унијата на туркменските и арапските племиња во Сирија во врска со вчерашната изјава на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган дека „за неколку дена ќе биде започната операција за спасување на источниот дел на Еуфрат од сепаратистичко-терористичката организација“, соопштија дека за да се вратат на своите територии кои што се окупирани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, очекуваат итна интервенција од Турција на подрачјето.
Во објавеното писмено соопштение од Унијата се истакнува дека Арапите, Туркменците и Курдите кои од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК се прогонети од нивните територии, ја дочекаа со радост изјавата на претседателот Ердоган за тоа дека ќе се реализира операција на подрачјата каде што е присутна терористичката ЈПГ/ПКК.
Во соопштението се укажува на тоа дека евентуалната операција претставува „надеж“ за нив за да би можеле да се вратат назад во своите домови кои што беа присилени да ги напуштат.
„Терористичката организација ЈПГ/ПКК која присили на иселување од нивната татковина илјадници невиви луѓе, ги запали нивните домови и села, ги принуди насилно децата да војуваат, која сади опојни дроги на нашите ниви, изврши и продолжува да врши прекршувања кои што не можат да завршат со набројување. Ја молиме Турција под итно да интервенира за да би можеле да се вратиме назад на нашите сопствени територии и за да бидат протерани од нашите територии платените терористи на сепаратистичко-терористичката организација. Турција беше успешна во претходните реализирани операции и веруваме дека ќе биде успешна и во оваа операција. Ја цениме чувствителноста на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по прашањето на тероризмот. Ние како Сиријци секогаш бевма покрај Турција, и ќе стоиме покрај неја и во оваа операција. Веруваме дека турската армија ќе ја исчисти сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од нашите територии и дека ќе се вратиме назад во нашите домови.“ – се вели во објавеното писмено соопштение од Унијата на туркменските и арапските племиња во Сирија











