Протести во Брисел пред почетокот на Самитот на лидерите на ЕУ

0
153

Демонстрантите против Брегзит и Русија, како и земјоделците, реализираа протести во подрачјето каде што ќе се реализира Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ) во белгискиот главен град Брисел, на кој ќе учествуваат претседателите на државите и владите на 28-те земји членки на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).

Пред зградата на Европската комисија пристигна жолт автобус во кој се наоѓаа околу 30 демонстранти, кои упатија апел за одржување втор референдум за процесот Брегзит.

Исто така, на плоштадот „Шуман“, кој се наоѓа во близина на Европската комисија, антируските демонстранти, кои протестираа против политиката на Русија во овој регион, носеа различни транспаренти, како и украински знамиња.

Во истото подрачје пристигнаа и земјоделците со своите трактори, каде што организираа демонстрација против земјоделските политики на ЕУ. Премиерот на Латвија, Марис Кучинскис, извесно време им се придружи на демонстрантите кои носеа знамиња на Латвија.

Од друга страна, во текот на демонстрацијата внимание привлекоа и интензивните безбедносни мерки, а полицијата не им дозволи на демонстрантите да се приближат до зградата на Советот на ЕУ.