Гутереш: Договорен прекин на огнот во јеменското пристаниште Худeјда

0
197

Завојуваните страни во Јемен постигнаа договор за прекин на огнот во пристанишниот град Худeјда, потврди денес генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, јавува Anadolu Agency (AA).

Гутереш истакна дека договорот го опфаќа распоредувањето на неутрални сили, како и поширок прекин на огнот во регионот.

Претходно, за време на мировните преговори со посредство на ОН во Шведска, бунтовниците Хуси најавија договор за прекин на огнот со јеменската влада и повлекување од Худeјда.

Преговорите со посредство на ОН започнаа во шведскиот главен град Стокхолм на 6 декември, во обид да се стави крај на 4-годишните воени судири во Јемен.