ЕРДОГАН. Во наредните 100 дена реализација на проекти вредни речиси 4,49 милијарди долари

0
214

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Конгресниот центар „Бештепе“ во Анкара, го претстави вториот 100-дневен Акционен план на неговиот Кабинет, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган во своето обраќање се осврна на железничката несреќа во Анкара, и рече дека несреќата ќе се истражува од сите димензии, дека ќе се откријат одговорните и ќе се направи сѐ што е потребно.

Ердоган нагласи дека нема да им дадат можност на оние кои за лични интереси се обидуваат да го поткопаат „бродот на Турција со 81 милион жители“.

Турскиот претседател подвлече дека покрај доживеаните проблеми, Турција ги реализира 97 отсто од плановите во првиот 100-дневен Акционен план, стапка која е исклучително висока. „Реализиравме 340 од 400-те проекти од првиот 100-дневен Акционен план“, додаде тој.

Тој нагласи дека ќе го обезбедат реализирањето на 454 проекти во вредност од 24 милијарди лири кои се наоѓаат во вториот 100-дневен Акционен план, и дека во наредниот период ќе ја завршат и имплементираат 5-годишната претседателска програма, која, според него, ќе претставува мапа на патот.

Ердоган се осврна и на проектот за природен гас „Турски тек“, и рече дека делот на овој проект на територијата на Турција ќе заврши кон крајот на 2019 година.

„Формираме центри за кариера во сите наши универзитети, со цел да ѝ помогнеме на нашата младина во планирањето на својата работна иднина“, рече Ердоган, и додаде:

„Започнуваме една нова кампања, со цел осигурување и охрабрување за правилно користење на нашиот турски јазик. Формираме оддели за борба против детскиот труд во сите наши 81 област.“

Ердоган нагласи дека во наредните 100 дена започнуваат нови иницијативи за задавње удар, особено врз финансиите на структурата на ФЕТО во странство.

Турскиот претседател Ердоган најави формирање комисија за финансиска стабилност и развој, со цел зајакнување на финансиската стабилност и развој на финансискиот сектор, како и нови мерки кои ќе се применат на 35-километарски појас на турско-иранската граница, меѓу кои поставување осветлување на границата, камери и безбедносни сензори.

Ердоган рече дека во наредните 100 дена турската власт ќе реализира над 450 проекти, со вкупна вредност од речиси 4,49 милијарди долари.