Во Баерн не е досадно: “Завојуваа“ Хасан Салихамиџиќ и Нико Ковач

0
214

Фудбалерите на Баерн Минхен ремизираа против Ајакс во спектакуларниот натпревар кој се одигра во Амстердам, во последното коло од групата Е од Лигaта на шампионите  (3:3).

Така Германскиот првак во осминафиналето ќе биде носител на групата, сепак играта на Баварците во Холандија не го импресионираше на Хасан Салихамиџиќ, поранешен реперзентативец на БиХ, а сегашен спортски директор на Баерн.

Брацо влезе во вербална војна со тренерот Нико Ковач, кога е во прашање играта на германскиот тим.

-Не игравме добро. Единствена позитивна работа е што ја зачувавме првата позиција.

Постојано бевме под притисок. Бевме без здив. Во неколку наврати почувствував блага срцева аритмија – изјавил Салихамиџиќ.

Од друга страна, Ковач натпреварот го гледал со други очи.

-Гледавме сензационална игра на екипи кои играа на високо ниво.

На гледачите им се исплатеше што дојдоа на стадионот – изјавил Ковач, што е спротивно од заклучокот на спортскиот директор.

Баерн во осминафиналето Лигата на шампионите може да ги извлече великаните како Манчестер,Јунајтед, Ливерпул, Атлетико Мадрид или Ромо.