Холивудската артистка од израелско потекло Натали Портман, законот кој Израел го дефинира како еврејска држава го нарече раистички, закон кој ираелскот парламнт го усвои на средината на јули оваа година, пренесува Агенција Анадолу (АА).
Портман дала интервју за Ал-Кудс Ал-Арабија, со седиште во Лондон, во кое таа го критикуваше Израел за контроверзниот закон усвоен во јули оваа година.
-Тоа (законот кој на Израел го дефинира како еврејска држава – нација) беше грешка и не се согласувам со тоа. Верувам дека можеме да ги сакаме нашите соседи и дека можеме да работиме заедно со нив – истакнала актерката која е наградена со Оскар.
Популарната актерка во јуни ова година беше прогласена за добитничка на престижната награда Genesis во Израел, а станува збор за еден вид еврејска Нобелова награда. Фондацијата која стои зад наградата објави дека Портман одбила да дојде на свечената церемонија на доделувањето во јуни во Израел. Со тоа Портман го одби и наградниот фонд во вредност од два милиони долари.
Актерката тогаш информираше дека “не е пријатно да учествува во било какви јавни настани во Израел “, после што свечлената церемонија на доделувањето на ова награда беше одложено.
Израелскиот парламент го усвои на 19 јули предлог-законот кој Израел го дефинира како еврејска државна-нација, со 62 гласа за и 55 против, со што предизвика големи контроверзии и критики во регионот.
Израелските власти и претходно спроведуваа дискриминаторска политика кон арапското население, а со новиот закон тоа е легализирано. Арапскиот јазикот го изгуби статусот на службениот јазик, што е статус на официјален јазик кој исклучиво ќе го има хебрејскиот јазик.
Покрај тоа, еврејски празници се прогласени за државни, а Ерусалим како главниот град на Израел. Повеќето од одредбите на законот се спротивни на постојната законската одредба дека во Израел сите граѓани имаат еднакви права и можности.
Израелското прогласување на татковина на сите Евреи, исто така, ги игнорира правата на палестинци во нивната окупирана земја. Тие, исто така, ги охрабруваат Евреите од други земји да се преселат во Израел, а се блокира враќањето на раселените Палестинци.
Извор:faktor








