Ирското тело за авиосообраќај го истражува забележувањето на неидентификуван летечки објект кого на 9.ноември утрото пилотите на British Airwaysa и Virgina го забалежале на летовите над Ирска, пишува The Guardian.
Утрото на 9 ноември, пилотка на British Airwaysa на летот БА94 од Монтреал, ја повикала контролата на летот во Шенон за да ја извести дека забележала објект што го покрил авионот и запрашал дали се оддржуваат било какви воени вежби над западниот брег на Ирска.
Таа изјавила дека сето се одвивало многу брзо, пријде од левата страна на авионот, а потоа брзо го промени правецот на движење кон север.
“Тоа беа екстремно силни светла кои исчезнаа со голема брзина”, додала таа.
Според снимките од разговорот Airlivea , страници за ентузијасти, на пилотката му било кажано дека немало воени вежби во таа област.
“Ништо не може да се види ниту на примарниот, ниту и на секундарниот (радар)”, пренела контролата на летот во извештајот.
Пилотката изјавила дека нејзиниот авион и објект не биле на патеката на судир, но се прашувале што би можело да се случи.
Другите авиони кои минуваат низ областа, исто така, го пријавија истиот објект.
Пилот на Virgin Airlines кој полетал од Орландо во Манчестер го опиша како “метеор или друг предмет кој повторувачки влегувал”, пишува The Guardian.
Тој додал дека веројатно станувало збор за “многу предмети што следеле иста патека и биле многу светли од нашата гледна точка”.
Друг пилот, исто така, изјавил дека “мило му е што не е единствениот”.
Портпаролот на ирската агенција за воздушен сообраќај изјави за Irish Times дека истрагата за инцидентот е во тек и ќе биде проследена со извештај по неговото завршување.











