ОДЛУКА: Европа повторно застана зад Иран, се очекува реакција на САД

0
184

Осум европски земји денеска ја потврдија својата посветеност на нуклеарната спогодба со Иран, а во исто време го повикаа Техеран да ги прекине своите “дестабилизирачки регионални активности”, особено лансирањето балистички ракети.

Во нивната изјава се вели дека “е потврдено дека Иран ги исполнува своите обврски”.

Сепак, овие земји предупредија дека активностите поврзани со балистички проектили, вклучувајќи ги и “лансирањето проектили способни за носење нуклеарни боеви глави и пренесување проектили, технологии и проектили”, ќе претставуваат повреда на резолуцијата на Советот за безбедност.

Изјавата беше потпишана од амбасадорите на Германија, Франција, Велика Британија, Белгија, Холандија, Италија, Полска и Шведска, а беше прочитана пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за почитување на Иран за своите обврски.

На состанокот ќе зборува и американскиот државен секретар Мајк Помпео, објави Бета.