Хејли: „Саудиските власти и принцот Бин Селман одговорни за убиството на Кашоги“

0
165

Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека саудиските власти и принцот Мухамед бин Салман одговорни се за убиството на новинарот Џамал ​​Хашоги, јави агенцијата Анадолу (АА).

Хејли, кој ќе ја напушти американската амбасадорска позиција на крајот од годината, одговори на прашања на телевизиските новинари на Ен-Би-Си. Една од темите што се разговараше беше бруталното убиство на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги, кој беше убиен на 2 октомври оваа година во зградата на Саудискиот конзулат во Истанбул.
“Саудиските власти и нивниот прв човек, Мухамед бин Салман, се одговорни. Тоа не смее да остане неказнето”, рекла Хејли, додавајќи:

“Мора сериозно да разговараме со Саудијците. Мораме да им кажеме дека пред тоа нема да ги затвориме очите и дека такво нешто никогаш не треба да се повтори”.
На прашањето што ќе следи за односот помеѓу двете администрации, Хејли одговорила:

“Саудијците се наш партнер во борбата против Иран, а тоа е многу важно”.