Американската војска соопшти дека успешно го тестирала новиот систем за ракетна одбрана.
Системот е претставен како пресвртница и потврда за американската способност да одговори на сите проектили со среден дострел кои ќе бидат лансирани од земји како Северна Кореја, пренесува Ројтерс.
Системот Aegisam, кој се користи во најновите тестирања, има вградени пресретнувачи SM-3 II A, развиени во заедничко вложување на Rejteon и филијала на јапонската компанија Мицубиши која се занимава со тешката индустрија.
Овие пресретнувачи исто така ќе бидат дел од системот за одбрана на Aegis во Романија и Полска.
За дел од ракетениот штит кој се наоѓа во Полска се очекува да биде оперативен во 2020 година.
Соединетите Држави активираа ракетен штит во Романија во 2016 година, што ја налути Русија, потсетува агенцијата.
На почетокот на декември, Америка постави краен рок за враќање на Русија во спроведувањето на Договорот за забрана на среден и краток дострел за Русија, или САД ќе ги прекинат своите обврски според тој договор.











