Представници како и имами на Муфтивството Струга, на иницијатива на Исламската верска заедница денес предводени од муфтијата Салим еф. Сулејмани, донираа крв во Заводот за нефрологија во Струга.
По повод овој настан во својата порака Муфтијата Селјмани меѓу другото истакнал дека денес сме тука да донираме крв и да ја пренесеме пораката дека сите луѓе треба да се обединат, без оглед на нивната вера кога станува збор за човечкиот животот, при што во ова крводарителска акција беа донирани 16 крвни единици.

Оваа активност беше поддржана и поздравена од Исламската Верска Заедница на РМ,Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи, кој меѓу другото ја истакнал благодарноста до сите представници на Струшкото Муфтивство кои денес се одлучиле на ваква хумана активност, односно да донираат крв.
Муфтивството од Струга и понатаму ќе поддржува вакви хуманитарни иницијативи кои имаат за цел да помогнат и спасат животите на луѓето и поединците и на кои им е потребна ваква помош. Водејќи се од принципот како што стои во Чесната книга Кур`анот во кој стои ““Koј ќе убие едно невино лице, како да го убил целиот свет, а кој ќе спаси живот на еден човек како да го спасил целиот свет.”
(Кур’ан, V-32)

Акцијата беше поздравена од страна на одговорните институции на Институтот за трансфузиологија, стои во известувањето до медумите.
Муфтијата Салим еф. Сулејмани по дарувањето крв испрати порака дека сите луѓе треба да се обединат, без разлика на нивната вера, кога се работи за човечки живот.













Извор:фејсбук/ Muftinia e BFI- Strugë










