Австралиската влада денес би требало и официјално да го признае Ерусалим како главен град на државата Израел, но одбива да ја пренесе својата амбасада во градот, објавија израелскиот медиум The Jeruzalem Post, цитирајќи ги австралиските медиуми.
Според пипувањето на локалниот медиум локалните медиуми The Australian, одлуката за ова веќе е усвоена и треба да биде одобрена на следниот состанок на австралиската влада. Камбера во Ерусалим има намера да го отвори само свој генерален конзулат, додека амбасадата ќе остане во Тел Авив. Австралиските медиуми, исто така, наведуваат дека причината за непренесување на амбасадата е од финансиска природа, т.е големата цена на тој чекор, која изнесува околу 200 милиони долари.
Уште од септември оваа година, се појавија информации за гореспоменатите намери на австралиската влада и информации за загриженоста околу ова прашање, во однос на штетата што може да ја предизвика во односите на Австралија со земјите од исламскиот свет и Блискиот Исток. Тоа е во голема мера е важно во контекст на односите на Камбера со Индонезија и Малезија, како најблиски исламски држави до австралиското копно.










