Египет ја ограничи продажбата на жолтите елеци: Може да се купува само со полициска дозвола

0
146

Службата за безбедност и трговците на мало велат дека египетските власти ја ограничиле продажбата на жолтите елеци.

Властите стравуваат дека опозицијата би можела да ги копира француските демонстранти за време на јануариската годишнина од народното востание кое во 2011 година го сруши автократскиот претседател Хоши Мубарак, пишува The Independent..

На дистрибутерите на опрема за индустриска безбедност им било наредено да не продаваат жолти елеци на купувачите кои се на минување, туку само на проверените  компании и само со полициска дозвола.

Безбедносните претставници соопштија дека ограничувањата ќе останат на сила до крајот на јануари.

Во изминатите две години, египетските власти ги спречуваа парадите на 25-ти јануари, ден кога востанието започна во 2011 година.