Сообраќаен полицаец уби шеф на полиција во Турскиот град Ризе

0
45

Шефот на полицијата во турскиот град Ризе Алтуг Верди починал од повредите што ги претрпел како резултат на вооружен напад кој денес во зградата на полицијата во градот на Црното Море извршил полициски службеник.

Оваа информација беше потврдена од страна на гувернерот Ризе Кемал Чебер и откри дека уште двајца луѓе биле повредени заради нападот.

Чебер изјавил дека извршител на вооружениот вооружениот напад бил сообраќаен полицаец кој бил на должност во местото Дерепазари, во близина на градот Ризе.

Заменик-претседателот на Турција, Фуат Октај, потврди дека нападот врз Верди бил извршен од полициски службеник по име Исмаил Хаки Сарикоглу, кој дошол да разговара со шефот на полицијата во врска со неговото барање за преместување, кое претходно го поднел. Октај додаде дека Сарикаоглу бил застрелан во вратот.

Гвененер Чебер, исто така, додал дека денес е ден кога полицискиот началник Верди остварувал разговори со полициските службеници и помеѓу останатото се сретнал, со службеникот кој подоцна изврши напад.

“Пред состанокот преземени бил сите неопходни мерки. Откако завршил состанокот, излегува надвор, се разбира, станува збор за полицаец, земајќи го своето оружјето и брзо се враќа во канцеларијата на шефот на полицијата. Тука биле шефот на полицијата Алтуг и друг полициски службеник. Најпрво ги ранил нив, а потоа и припадникот на обезбедувањето кој влегол веднаш по пукањето.. Алтуг беше во лоша состојба, и покрај сите напори што ги презедовме, за жал го изгубивме. Нека Аллах го воведе во џеннет. Беше прекрасен човек и пријател. Сите сме многу тажни “, изјавил Чебер.

Кога го прашале кој бил мотивот на полицаецот за таков напад, тој одговорил:
“Се разбира, ние сеуште немаме потврдени информации, затоа е тешко да се каже, но според она што го имаме, полицаецот се запишал на факултет кој се наоѓа во центарот на Ризе. На должност при полицијата беше сместен во Дерепазари, кој е блиску до градот, ама тој побара тој да биде префрлен на должност во центарот на градот. Претпоставувам дека тоа не му беше одобрено “, посочи Чебер.

За двајцата повредени во нападот, Чебер изјави дека се релативно добри.
Убиениот Алтуг Верди е роден во 1972 година во Истанбул. Тој го заврши своето средно полициско училиште во 1989 година, а во 1993 година дипломира и на Полициската академија. Тој има различни позиции во Турската разузнавачка служба, турскиот генерален конзулат во Ерусалим, мировни мисии во Косово и Хаити и полициски должности во бројни турски градови.

На позицијата началник на полиција во Ризе, беше назначен на 19 август 2017 година, зад себе ја остави својата жена и ќерка.

Извор:(Vijesti / AA)