На мајки во Шпанија им биле украдени 300 илјади бебиња, мрежата ја сочинувале, лекари, медицински сестри, свештеници, чесни сестри

0
141

Гинекологот Едуардо Вела (85) осомничен е дека во болницата Сан Рамон во Мадрид учествувал во кифнапирањето на Инес Мадригал, денес 49-годишна жена која го обвини за фалсификување на нејзиниот извод матичната книга на родени со кое нејзината мајка која ја усвоила би постанала нејзина биолошка мајка, во јуни оваа година се појави на суд во Мадрид … За кражба на бебиња во Шпанија пишува хрватскиот портал 24.sata.

Тој тогаш бил вработен во наведената болница, а во пролетта 1969 година ги фалсификувал документите на Инес, за да може бебето да го продаде. Мајката која ја усвоила Инес Мадригал, ѝ ја кажала вистината на својата ќерка кога наполнила 18 години, и постојано ги поддржувала нејзините напори и желба да открие кои се вистински родители. Таа почина пред две години.

– Секогаш велев дека таа не ми даде живот, ама дека таа ме роди во своето срце. Таа живееше за да се грижи за мене и да ме види среќна – рекла Мадригал за својата мајка која ја израснала.

Шпанија како супермаркет за бебиња

– Не верувам дека Едуардо Вела ќе ја каже вистината. Нема сигурно да признаеме која е мојата мајка и во какви околности се родив. Не верувам дека тоа ќе се случи, ама би сакала кога би можеле да дојдеме до сознание за сите жени кои се породија во Сан Рамон клиниката.

Ама ниту тоа веројатно нема да се случи, па само се надевам дека ќе добие заслужена казна – изјавила Мадригал и истакнала дека овој процес е многу важен за да се отворат и други случаи.

– Шпанија беше супермаркет за бебиња за цела Европа и Јужна Америка, а не само за Шпанија – изјавила Мадригал.

Гилермо Пена, адвокат на Инес Мадригал, изјави дека оваа ситуација на Шпанија и дава шанса на крај да ги премине социолошките и психолошките бариери на минатото и да препознае што се случило со многу семејства низ целата земја.

За време на Франковиот режим исчезнале 300 илјади бебиња

А тоа се случило за речиси 50 години во Шпанија да исчезнат 300 илјади бебиња. Украдени се продадени, мрежата на препродавачи ја сочинувале лекари, медицински сестри, свештеници и чесни сестри. Киднапирале-краделе деца од болницата и ги давале на усвојување на богати брачни парови за големи суми пари.

Сето тоа се случувало за време на режимот на диктаторот Франциско Франк, последниот фашистички водач во Европа, кој диктаторски ја водеѓе земјата и брутално ги ликвидирал сите свои политички опоненти.

На повеќето жени кои ќе родиле им велеле дека нивните деца полинале за време на породувањето, или веднаш по него. Наводно починатите бебиња никогаш не ги виделе ниту добиле смртовница. Било и забрането и да го погребаат новороденчето.

Одземањето на децата најпрвин било политички мотивирано. Исчезнувале бебиња на родители кои биле познати како критичари на режимот. Паровите без деца, кои го поддржувале Франк, и чија вера и финансиска сигурност покажала дека повеќе заслужуваат родителство, можеле да прифатат некое од тие деца, за кое морале да го платат бараниот износ.

Легализирана кражба

Одземањето на децата било легализирано со декретот од 1940 година, кој го поддржувал одвојувањето од биолошки родители во случај да е во опасност моралното воспитување на детето.

Бебињата најпрво биле сместеувани во црквите, а свештениците ја преземале улогата на посредници. Примопредавањата на бебињата најчесто деца најчесто биле во црквите. Новопечени родители така би добиле дете и документи со кои се потврдува дека тоа е нивни биолошки потомок.

Многумина веруваат дека трговијата со деца продолжува и по падот на режимот на Франк 1975 година, и траела сè до почетокот на 90-те години. Но, тогаш бебињата повеќе не им се одземале на критичарите на режимот, туку главно на самохраните или сиромашните мајки. Ниту посвоителите на бебињата не биле секогаш свесни дека децата се украдени, бидејќи им објаснувале дека мајката се откажала од своето дете.

Скандалот околу украдените бебиња се избувна пред речиси десет години кога Антонио Баросо и Хуан Луис Морено дознале дека се украдени како деца. На смртната постела таткото на Морено му открил дека го купил од еден свештеник во Сарагоса, а на Баросо чесна сестра му признала дека продала за околу 200.000 песети, што тогаш одговарало на вредноста на еден мал стан. Баросо дури на 38-годишна возраст открил дека неговите родители го купиле.