Припадниците Брегзит (излез на Велика Британија од Европската унија) предводени од членовите на екстремно десничарската партија УКИП, но и оние кои му се противат, во Лондон организирани одделни демонстрации, објави Анадолу Агенција (АА).
Неколку илјади луѓе кои се залагаат за останување во Европската унија се собраа во попладневните часови, за да се изјаснат дека се против Брегзит. Протестите се организирани пред гласањето на британскиот парламент за Брегзит, закажано за 11 декември.
Демонстрантите се собраа на популарниот плоштад Трафалгар и истакнале пораки насочени против УКИП и десничарот Томи Робинсон. Тие исто така носеле и транспаренти, на кои беа испиани пораки за останување во ЕУ, но и насочени против фашизмот и расизмот.
Истовремено, пред британскиот парламент се собрала и нешто помала група со пораки против ЕУ, миграцијата и странците, а демонстрантите организирале протестсна прошетка од Парк Лана до улицата Вајтхол.
