ФРАНЦИЈА: Автомеханичарот кој се сети на жолтиот елек, најави продолжување на борбата

0
231

Гилсан Кутард е еден од ретките лица чиј лик се поврзува со т.н. “жолти елеци”, со кои Французите од октомври започнаа да протестираат заради новите даноци на горивото. Бидејќи токму тој, скромен автомеханичар од Нарбоне на своето видео објавено на социјалната мрежа предложил сите демонстранти да облечат жолт елек.
На прашањето на Дојче веле, како дојде на идејата за жолтиот елек, Кутард одговорил дека тоа било сосема едноставно.

Ghilsan Coutard - undefinedФото: Приватен албум: Ghilsan Coutard
“Снимав мое видео и го забележав предупредувачкиот елек кој го користам на мојата работа. Мислев дека, тој е создаден за сите да го видат, тоа сите ние го имаме во нашите возила бидејќи тоа го пропишува законот. Зашто тоа да не користиме, како наша боја на препознавање? Само да видиме, дали луѓето имаат желба да излезат на улица и да протестираат. И погодок! Точно тоа се случи “, објасни тој.

На прашањето дали е задоволен од протестите, тој истакна дека е.