Екипата на Вакифбанк стана светски одбојкарски клупски шампион во женска конкуренција, откако во финалето на натпреварувањето на Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) ја совлада екипата на Минас од Бразил, со резултат 3:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Во кинескиот град Шаосинг се одржа финалето на светскиот одбојкарски клупски шампионат на ФИВБ во женска конкуренција меѓу екипите на турскиот претставник Вакифбанк и бразилскиот претставник Минас.
Вакифбанк извојува победа над Минас од 3:0 (по сетови 25:23, 25:21 и 25:19) и стана светски одбојкарски клупски шампион.
Со оваа победа Вакифбанк ја освои својата трета титула во светското одбојкарско клупско натреварување во женска категорија, второ што го освојува едноподруго.











