Охридските и струшките хотели полни за Нова Година

0
186

Сместувачките капацитети во хотелите на Охридско-струшкото крајбрежје се целосно исполнети за новогодишните празници, инфорира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

Традиционално, според него, најголем интерес имало кај гостите од Бугарија, а застапени се и останатите земји од околината, Грција и Албанија и малку од Србија и Црна Гора.

-Последните години интересот е многу голем кај гостите од Бугарија. Ние сме сакана дестинација, но и евтина дестинација. Не е само за Нова година, туку и преку цела година. Повеќето хотели се полни. Има некои мали хотели кои не можат да примаат поголеми групи и продаваат соба по соба, изјави Блажески за МИА.

Повеќе на :fokus.mk