Хајделберг – германски град од бајките

0
225

Хајделберг е еден од ретките градови во Германија поштеден од бомбардирањата за време на војните, а неговата средновековна архитектура, реката Некар и замокот, денес привлекуваат посетители од целиот свет, пишува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за петти по големина град во Германија, кој е еден од најзначајните културни и финансиски центри во Европа и е познат по своето богато историско, културно и природно наследство.

Сместен во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, градот е опеан во многу песни, а универзитетите со долгогодишна историја, како и секторите за наука, медицина и инженеринг, Хајделберг го ставаат во позиција на еден од најпрепознатливите центри во Европа.

На реката Некар, која градот го дели на стар и нов дел, изградени се многу мостови, меѓу кои треба да се издвои мостот „Карл-Теодор“, долг 200 метри, а широк 7 метри. Овој мост е еден од симболите на градот.

Во тек се работите на дел од мостот, но тоа не ги спречува многу млади парови да дојдат на мостот и да остават катанци во знак на вечна љубов.

Замокот Хајделберг, сместен на возвишение, е една од омилените дестинации на многу туристи.

Замокот, чија изградба започна во 13 век, и денес со својата архитектура ги воодушевува посетителите и многу експерти.

Интерес за градот покажаа многу мислители, меѓу кои и Јохан Волфганг фон Гете, Фридрих Хегел, Макс Вебер и други.