Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека европските ѕидови на безбедност и просперитет се тресат, ама не заради бегалци и муслимани, туку нивните ѕидови ги тресуваат нивните сопствени граѓани.
Ердоган им се обрати на собраните граѓани во областа Истанбул во Ускудар, на церемонијата по повод завршувањето на неколку значајни проекти во оваа општина во Истанбул. Во фокусот на обраќањето на Ердоган, биле денешните протести на “жолтите елеци”, што се одржа во Франција, Белгија и Холандија, при што имаше судир меѓу демонстрантите и полицијата.
Ердоган изрази загриженост во врска со настаните на улиците на европските градови.
“Ние се спротивставуваме на хаосот што го предизвикуваат демонстранти, ама исто така не и на диспропорционалното насилство над нив”, изјавил турскиот претседател, додавајќи:
“Оние кои заради политичкиот популизам ги разгореа антиисламските и антиимигрантските ставови, упаднаа во сопствено ископаните јами. Зидовите на безбедноста и просперитетот, пред кои толку трепери, почнаа да се тресат, ама не заради бегалците или муслиманите,туку нивните ѕидови се тресат од нивните сопствени граѓани “.
Ердоган истакна дека денешната улична слика покажува дека Европа падна на испити од демократијата, човековите права и слободата.
700 лица се притворени во Франција за време на протестот на “жолтите елеци”, потврди државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Лорен Нунзез. Тој додаде дека повеќе од 31.000 граѓани се собрале на протестите одржани денес во разни француски градови.










