На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, вчера околу 15:30 часот бил нарушен јавниот ред и мир.
– Во инцидентот учествувале две групи од неколку малолетни лица. Притоа, еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице, а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09:10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште „Ибраим Темо” и истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои, информираат пд СВР Охрид.
Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот. (Крај)
извор: Ohridpress/ СВР Охрид фото:Meta











