ОН: Отфрлена резолуцијата на САД со која се осудува Палестинското движење Хамас

0
198

Владата на Палестина денес ја поздрави одлуката на Генералното собрание на ОН да ја отфрли нацрт-резолуцијата на Соединетите Американски Држави (САД), со која се осудува палестинско движење на отпорот, Хамас, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението, власта од седиштето во Рамала се заблагодари на членките кои гласаа против нацрт-резолуцијата.

„Нема да дозволиме осуда на палестинската национална борба“, се истакнува во соопштението, кое го пренесе официјалната палестинска новинска агенција „Вафа“.

Вчера Генералното собрание на ОН тесно ја отфрли резолуцијата под покровителство на САД, со која сакаа да го осудат Хамас.

За резолуцијата, која силно ја поддржаа САД и Израел, беше потребно двотретинско мнозинство за да помине гласањето во Собранието. На крајот гласањето не помина, бидејќи 87 држави гласаа за, 57 против, додека 33 беа воздржани.

Односите меѓу САД и Палестина се влошени од минатата година кога американскиот претседател, Доналд Трамп, еднострано го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.