Германската компанија “Фолксваген” во 2026 година ќе ја произведе последната генерација на автомобили од брендот VW со мотор на внатрешно согорување изјави главниот стратег на ВВ, Мајкл Џост.
Портпаролот на VW подоцна потврди дека ова значи дека VW, најпродаваниот бренд на патнички автомобили во Европа и Кина, ќе продолжи да се фокусира на производство на електрични автомобили во иднина, објави Ројтерс.
Џост истакна дека VW ќе продолжи да ги прилагодува своите бензински и дизел мотори за да ги задоволи еколошките стандарди за време на животниот век на овие возила и дека германската компанија сега е посветена на радикални потези за да се запре глобалното затоплување.
Фолксваген разви стратегија за пресврт на електрични автомобили по скандалот од 2015 година со манипулацијата со емисиите на штетни гасови. Поради тој скандал, компанијата мораше да плати повеќе од 27 милијарди евра во име на санкциите за покривање на прекумерното загадување.










