Два авиони на американската војска, со вкупно седум члена на екипажот, се судрија за време на вежбата на јапонскиот брег, објавија денеска официјални претставници на американската армија, додавајќи дека двата пилоти на авионите Ф-18 биле пронајдени живи.
Авионите полетале од базата Ивакуни на редовна вежба на полнење на гориво во воздухот.
Американските медиуми објавија дека во авионот Ф-18 имало двајца членови на екипажот, додека во транспортниот тип Ц-130 имало петмина. Неименуваните официјални лица изјавија дека еден од членовите на екипажот на ловецот бил пронајден и дека бил во стабилна состојба, а другиот бил префрлен во болница.
Војската отворила истрага за тоа што предизвикало судир на двата авиони.
Повеќе од 50.000 припадници на американската војска се стационирани во американски бази во Јапонија.










