Луксембург прва држава на светот со бесплатен јавен превоз

by Administrator

Луксембург ќе стане првата земја во светот каде што јавниот превоз ќе биде бесплатен.

Следната година картите за возовите, трамваите и автобусите ќе бидат укинати, објави новата влада предводена од Ксавијар Бетел.

Во главниот град на Луксембург сообраќајниот метеж е најлош во светот. Во него има околу 110.000 луѓе, ама уште 400.000 доаѓаат на работа.

Земјата има вкупно 600.000 жители, ама уште 200.000 луѓе од Франција, Белгија и Германија секојдневно ја преминуваат границата за да дојдат на работа.

Оваа земја воведе бесплатен превоз за млади на возраст над 20 години, средношколци и студенти можат да патуваат од дома до образовни институции и обратно, а картата која ја плаќале само две евра, можеа да се возат два часа и така да ка пропатуваат речиси целата земја, со оглед на нејзината големина.

Сега, од почетокот на 2020 година, сите карти ќе бидат укинати.

You may also like