Авганистан: За првпат жена именувана на раководна функција во МВР

0
399

Авганистанската Влада за првпат именува жена на раководна функција во безбедноста.

Хосна Џалил е назначена за заменик министер за политички и стратегиски прашања во Министерството ѕа внатрешни работи. По стапувањето на должност таа истакна дека со ваквиот потег е испратена порака до радикалните религиозни движења дека авганистанската Влада постигнала победа со изборот на жена во секторот „безбедност“.

Животот на Авганистанките се промени многу, откако во 2001 година падна режимот на талибанците кои забрануваа девојчињата да одат во училиште, а жените да работат. Сега правата на жените во Авганистан се загарантирани со Устав.