Словачка го протера Рускиот амбасадор

0
212

Словачкиот медиум Pravda во средата, 5 декември, повикувајќи се на премиерот на земјата Петер Пелегрини, објави информација дека Словачка на 22 ноември го протерала амбасадорот на Руската Федерација под обвинение за шпионажа.

Во текстот се вели дека рускиот дипломат веќе ја напуштил земјата. Братислава тврди дека тој собрал информации поврзани за Словачка и НАТО-алијансата.

Денес од Москва пристигнаа вести дека Русија ќе одговори на ист начин на “таквите непријателски потези” (Владимир Џабаров, Совет на Федерацијата).

Словачката амбасада во Москва сè уште не го коментирала овој случај.