Министрите Димитров и Чавушоглу се состанаа во Брисел

0
239

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се состана со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу на маргините на состанокот на министрите на земјите членки на НАТО во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се состанаа денес со цел да разговараат околу односите на Алијансата со земјите од Западен Балкан.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на отворањето на сесијата на вториот ден од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во седиштето на НАТО, истакна дека безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан се многу важни за Алијансата.

Столтенберг нагласи дека со нетрпение чекаат Македонија да стане 30-та членка на НАТО по исполнување на националните процедури по постигнатиот Договор за името.

Тој нагласи дека Босна и Херцеговина дала вреден придонес во операциите на НАТО. „Го поддржуваме евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина“, додаде генералниот секретар на НАТО.