Познатиот американски актер Шон Пен, за кој се вели дека ќе подготвува документарен филм за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, реализираше снимања пред саудискиот Конзулат во Истанбул, во чиј објект беше извршено тоа убиство, јавува Anadolu Agency (AA).
Пен заедно со екипа од 10 члена, пристигна пред саудискиот Конзулат во Истанбул, a тука беа и телохранителите.
Екипата на Шон Пен извесно време снимаше покрај полициските бариери, а потоа камерите регистрираа кадри и од зградата на Конзулатот.

Активностите на американскиот актер на ова место, заедно со неговата екипа, се во тек.
Џамал Кашоги, саудиски новинар и колумнист во американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post), исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Саудиските власти неколкупати го променија својот исказ за убиството, прво негирајќи дека се случило, потоа истакнаа дека тоа било несреќна околност, за на крајот да го наречат подла операција.
Истрагата за случајот и понатаму трае со фокус кон пронаоѓањето на посмртните останки на Кашоги.










