Саудискиот крал Салман ибн Абдулазиз го покани катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани на 39-тиот самит на Советот за соработка во Заливот (GCC), јави агенцијата Анадолу (АА).
Според официјалната новинска агенција на Катар QNA, саудискиот крал Салман испратил официјална покана на емирот Катар ал-Тани да учествува на 39-тиот самит на GCC на 9-ти декември во неговата земја.
Потсетуваме дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет, Бахреин и Јемен на 5 јуни минатата година објавија дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар, кого го обвинија за дестабилизација на регионот. Тие го затворија воздушниот простор за Катар и им наредија на дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа.









