Претставник на САД во Бахреин поради смртта на командантот на Петата флота

0
188

Американскиот заменик-шеф на поморските операции, адмиралот Вилијам Френсиз Моран, денес во Манама одржа разговори со бахреинскиот принц Селман бин Хамад ал Калифа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Денешната посета е прва посета на американски официјален воен претставник по смртта на командантот на Петата флота на САД, вице-адмиралот Скот Стерни, кој беше пронајден мртов во неговиот дом во Манама минатата недела.

„Американскиот воен официјален претставник Моран и бахреинскиот принц Селман разговараа за соработката од секаков вид и подобрувањето на поморската безбедност“, објави бахреинската новинска агенција.