Велика Британија може еднострано да се повлече во однос на членот на кој се повика за да ја напушти ЕУ, без одобрение од Унијата, изјави денес висок советник во Европскиот суд на правдата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кампос Санчез-Бордона, генералниот застапник на Судот, истакна дека според законот на ЕУ, земја членка може да се повлече од членот 50 без потреба од одобрување од Европската комисија или од другите 27 земји членки.
Генералниот застапник предлага Судот на правдата да истакне дека членот 50 од Договорот за Европската Унија дозволува унилатерално поништување на објавувањето за намерата да се повлече од ЕУ.
„Едностраното поништување, исто така, би претставувало манифестирање на суверенитетот на една земја членка што заминува, која избира да ја промени својата првична одлука“, истакнува Бордона.
Ова може да ја интензивира кампањата против Брегзитот и пратениците кои долго време тврдеа дека повлекувањето од членот 50 е поедноставно од она што го тврди Владата.
Група шкотски парламентарци поднесоа петиција во декември 2017 година, а минатиот месец Судот на правдата свика итен состанок во Луксембург за да ја разгледа петицијата.











