Израелските сили приведоа 13 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на израелската Војска, во операциите извршени синоќа во различни места на Западниот Брег, приведени се 13 Палестинци со образложение дека биле вмешани во терористички активности.

Се истакнува дека приведените Палестинци биле пренесени во центрите за притвор каде што ќе бидат испрашувани.

Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни тврдења приведуваат Палестинци.

Според официјалните податоци на Палестина, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци.

Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци. Ако притвореникот се смета за „опасност за безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.