Абас се сретна со Папата Фрањо: Не сакаме да соработуваме со администрацијата на Трамп

0
225

Папата Фрањо и палестинскиот претседател Махмуд Абас денес во Ватикан разговарале за најважните прашања на Блискиот Исток.

Абас за време на состанокот во папската палата, на папата Фрањо, му рекол дека Палестинците “се молат за мир и дека имаат доверба во вас”.

Папата, исто така, посакал мир и стабилност низ Средниот Исток.

За време на состанокот, двајца лидери размениле пригодни подароци.

Освен тоа, Абас во интервју за италијанскиот весник “Ла стампа” изјавил дека напорите на американската администрација нема да помогнат во воспоставувањето мир на Блискиот Исток.

– САД не можат да бидат единствениот посредник во Средниот Исток исток. Држава која постојано наметнува казнени санкции на Палестина не може да биде посредник. Американското раководство е пречка на Блискиот Исток – рекол Абас.

Тој додаде дека Палестинците не сакаат да продолжат да соработуваат со администрацијата на САД.

– Не сакаме да продолжиме со соработка со сегашната Американска.

администрација. Ние нема да се сложиме со условите со кои се крши меѓународното право “, изјавил Абас.