Една стара жена починала откако патрон на солзавец ја погодил на прозорецот додека ги следела протестите на “жолтите елеци”, демонстранти кои изразувааат незадоволство од планираното зголемување на цените на горивото во Франција. Во овие протести, материјалната штета била помеѓу три и четири милиони евра низ целата земја.
Патронот ја погодил на старицата во лице, а починала за време на операцијата во болницата од ефектите на шок, објави ББС.
Протестите на “жолтите елеци” кои се оддржуваат од 17 ноември прераснаа во општа огорченост на Французите во врска со политиката на претседателот Емануел Макрон и неговата администрација.
Во немирите до кои дојде во текот на протестите смртно настрадаа три лица, а 1.043 лица се повредени, меѓу кои и 222 припадници на безбедносните сили. Приведени се 1.424 луѓе.










