Вчера на церемонијата на која присуствувале високи представници на пожарникари, заменик-шеф на полицијата и политичари, пожарникарите им се свртеле со грбовите во знак на солидарност со демонстрантите кои повеќе не можат да го трпат наметнатиот фискален притисок, недостаток на буџет за пожарникарите и драстично намалување на куповната моќ на француските граѓани. На снимката може да се слушне негодување на политичар кој му зборува на висок полициски функционер дека ова што го гледа е “неприфатливо”, по што ја напушта церемонијата. Покрај тивок револт на пожарникарите, вистината за недостатокот на пари а,со тоа, и безбедноста на пожарникарите, на интернет, беше објавено видео на полицијата, која исто така се солидаризирала со демонстрантите, така што во текот на судирите , застанала и ги симнала шлемовите и ги прекинала сите конфликти Сето ова се случува за време на напнатите односи меѓу актуелната политичка моќ и граѓаните, што има големо влијание врз сè.










