Германската канцеларка Ангела Меркел повторно ја израдуваше јавноста на маргините на самитот на Г20.
Веќе известивме дека Меркел,после дефектот на германскиот владин авион, во Буенос Аирес отпатува со комерцијален лет, овозм ожувајќи им на другите патници да сликаат со неа.
А по завршувањето на Самитот Г-20, германската канцеларка заминала на вечера стејкхаус “Don Julio”, кој се наоѓа во округот Палермо во Буенос Аирес.
За време на посетата на германската канцеларка, ресторанот бил отворен за редовни посетители, немало никакви безбедносни ограничувања за угледниот гостин.
По вечерата, Ангела Меркел се сликала со готвачите, а во ресторанот и околу ресторанот се собраа мноштво граѓани кои ја пречекаа со овации.











