Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин ова недела објави важни вести за муслиманите во Русија.
Во главниот град на Русија ќе се гради нова џамија на просторот “Нова Москва”, на 20 километри од Кремљ.
Градските власти доделиле земјиште за меѓурелигиозен верски комплекс, каде што, освен муслиманските верници, верски објект ќе имаат и православните христијани, Евреите и будистите.
На ова верска куќа најмногу се радуваат муслиманите кои, според некои проценки, во Москва живеат околу два милиони.
Интересно е што сите работи поврзани со новата џамија ќе бидат под надлежност на московскиот муфтија на Албир Крганов, а не главниот руски муфтија Талгат Тајутин.
“Во следната година ќе започнеме конкретни проекти, прво планираме на местото на идната џамија да оставиме простор за кланање. Добро е тоа што џамијата ќе биде на 20 километри од Кремљ, со што ќе се растерети центарот на Москва.
Бидејќи, за време на големите празници, кога илјадници верници го прославуваат Бајрам намаз, верниците ги пренатрупуваат сите улици. Изградбата ќе започне веднаш штом државата го пренесе земјиштето на московските власти “, изјави муфтијата Крганов за руските медиуми.










