Турските и американските сили ја спроведоа втората рунда обуки за заедничките патроли во Мунбич, кој се наоѓа североисточно од сириската покраина Алепо, како дел од Договорот за расчистување на подрачјето од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили на Твитер соопштија дека во согласност со мапата на патот за Мунбич и принципите за безбедност, припадниците на турските и американските вооружени сили ја завршиле втората заедничка обука за заедничките патролни активности во Мунбич.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, во октомври соопшти дека турските и американските војници започнале со заедничка обука за здружени патроли во градот.
Турските и американските војници започнаа со заеднички патроли во Мунбич на 1 ноември како дел од Договорот кој се фокусира на повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од градот, со цел стабилизирање на подрачјето.
ЈПГ е сириски огранок на ПКК, терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, која во својата 30-годишна терористичка кампања е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе.









