„Бин Селман да одговори на неодговорените прашања околу убиството на Кашоги“

0
186

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, побара од саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман, да одговори на прашањата кои останале неодговорени во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на канадската државна телевизија „Си-би-си“ (CBС), Трудо во рамки на Самитот на лидерите на Г20 во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, остварил средба со Бин Селман.

Трудо побарал од Бин Селман да одговори на прашањата кои останале неодговорени во врска со убиството на Кашоги. „Потребни се подобри одговори во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги“, истакнува тој.

Канадскиот премиер на Бин Селман му рекол оти треба да се ослободи и саудискиот активист Раиф Бедеви.