Израелската полиција бара покренување обвинение против Нетанјаху за мито

by Administrator

Израелската полиција денес препорача покренување обвинение за премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга за поткуп, објави израелскиот весник „Хаарец“ пренесува Anadolu Agency (AA).

Во објавеното соопштение полицијата истакнува дека Нетанјаху е осомничен за земање мито и преземање дејствија во своја корист со пружањето одредени услуги и фаворизирањето на медиумскиот могул Шаул Елович, под чие раководство е израелската телекомуникациска компанија „Безек“ (Bezeq Telecom Israel), во замена за позитивна покриеност на премиерот Нетанјаху.

Полицијата соопшти дека пронашла докази дека „Нетанјаху и негови блиски интервенирале, понекогаш и секојдневно, за објавување на содржини на веб-страницата за вести „Walla“, и се обиделе да влијаат врз назначување лица на одговорните позиции (уредници и новинари), користејќи ги врските со Шаул и (неговата сопруга) Ирис Елович.“

Полицијата веќе побара покренување обвинение против Нетанјаху за корупција во други два случаја.

Првиот случај го вклучува и израелскиот холивудски продуцент Арон Мичел, од кого било побарано да купи луксузни предмети за Нетанјаху и неговата сопруга.

Вториот случај е поврзан со договор, повторно во корист на позитивно медиумско покривање, со Арон Моузес, издавач на дневниот весник на еврејски јазик „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth).

Нетанјаху ги негираше сите обвинувања.

You may also like