Париз: Во насилните протести се повредени 65 лица, а упасени се 140

0
183

Полицијата на Париз објави дека најмалку 63 лица се уапсени во насилните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили за време на протестите поради зголемувањето на данокот и политиката на Владата на претседателот Емануел Макрон, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролката на полицијата, Жоана Примве, за француските медиуми изјави дека 10 лица се полесно повредени.

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, на Твитер изјави дека 1.500 немилосрдни лица се наоѓаат на авенијата Елисејски полиња и во близина на Триумфалната порта.

Во меѓувреме, стотици мирни демонстранти се собраа на славната авенија во просторот обезбеден од полициските сили, кои ги легитимираа и им ги прегледаа торбите.

Таканаречените „Жолти елеци“ денес повикаа на нови демонстрации и блокади на патиштата низ Франција, вклучувајќи го и главниот град, каде што протестите овој викенд, исто така прераснаа во насилство.

Протестите, кои започнаа со демонстрации на возачите поради зголемувањето на цената на горивото, сега вклучуваат широк спектар на барања поврзани со високите животни трошоци во Франција.