Црвената полумесечина на Турција ќе испрати 8.5 тони медицинска помош за Појасот Газа

0
304

Црвената полумесечина на Турција објави планови за дистрибуција на 8,5 тони медицинска помош за Појасот Газа, пренесува Анадолу Агенцијата (АА).

Говорејќи за агенцијата Анадолу (АА) во петокот, Јигит Олчај, шеф на делегацијата на Црвената полумесечина на Турција во Палестина, изјави дека два контејнери на медикаменти ќе бидат доставени во блокираната енклава на недела. Нагласено е дека лековите ќе бидат дистрибуирани до локалните болници преку Министерството за здравство на Палестина.

“Блокираниот Појас Газа и понатаму се соочува со хроничен недостиг на лекови и медицински средства. Се надеваме дека во недела ќе ги обновиме резервите на болниците во Гази “, истакна Олчај.

Во мај, Црвената полумесечина на Турција испрати медицинска помош во вредност од 100.000 долари на Црвената полумесечина на Палестина.
Појасот Газа со децениите се наоѓа под Израелска блокада, заради што е уништена економијата на крајбрежната енклава, а на околу два милиони жители ускратени им се основните пореби, како што се храна, гориво и лекови.