Словенските гласачи во 56 општини на неделата ќе определат кој ќе им биде градоначалник во следните четири години, избирајќи помеѓу двајца кандидати кои пред 12 дена добија најмногу гласови во вториот круг, ама не и потребниот број на гласови за победа во прв круг.
Во првиот круг сите 212 општини избраа членови на општински совети, сите освен 56 градоначалници.
Синоќа во 24 часот заврши предизборната кампања, која беше наогорчена во неколку поголеми градови, како што се Марибор, Крањ и Копар, додека во Љубљана уште во првиот круг четврти мандат го освои Зоран Јанковиќ на кого мнозинството гласачи и покрај разните афери признаваат дека многу направил во уредување и функционирање на престолнината во 12 години колку што е на тоа место.
Според последните анкети, во Копар ќе се води тесна трка меѓу долгогодишниот градоначалник Борис Поповиќ, кој за многумина е конзервативен популист кој сака да се прикаже како борец за интересите на градот во конфликт со “централистичката” Љубљана, но истовремено е близок со Јанковиќ по стилот и начин на управување, и Алеш Бржан, кого како алтернатива на Поповиќ го поддржуваат партиите на левицата.
Во Крањ, по некои испитувања, најмногу шанси за избор на местото за градоначалник има Матијаж Раковец, менаџер и поранешен директор на осигурителното друштво Триглав, кој води пред поранешниот полициски службеник Зоран Стевановиќ, пренесува Хина.
Двајцата се кандидираа со сопствена програма за граѓаните, Раковац, со поддршка на Социјалдемократите (СД) и партиите на пензионерите ДЕСУС, додека Стевановиќ, пред кандидатурата, го замрзна членство во Словенечката национална партија (СНС) и настапи како самостоен кандидат, тврдејќи дека донесува промени во градот и дека застапуваат интереси на социјално слабите и младите.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)











