Доналд Туск: Сигурен сум дека ЕУ во декември ќе ги продолжи санкциите кон Русија

0
230

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск и претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер одржаа заедничка прес-конференција во Аргентина каде што допатуваа по повод самитот на Г-20.

Туск во врска со присутната затегнатост помеѓу Украина и Русија во Азовското Море истакна дека е сигурен во тоа оти ЕУ во декември ќе ги продолжи санкциите кон Русија.

Повторувајќи ја поддршката на ЕУ на Украина, Туск рече: „Чувствуваме длабока загриженост поради порастот на тензијата во Азовското Море. Сигурен сум дека ЕУ во декември ќе ги продолжи санкциите кон Русија.“

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се осврна и на договорот за Брегзит (излез на Велика Британија од ЕУ) што беше постигнат меѓу ЕУ и Велика Британија во врска со што рече: „Со доближување на гласањето во британскиот Парламент гледаме дека актуелниот договор е најдобриот кој што би можел да се постигне. Доколку овој договор не биде одобрен во британскиот Парламент или нема да има договор или нема да има Брегзит.“

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер пак се осврна на проблемот со буџетот меѓу Брисел и Италија и рече: „Минатата недела постигнавме одреден напредок во врска со несогласувањето со Италија за буџетот.“

Велејќи дека утре ќе оствари средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте, Јункер ја изнесе констатацијата „Италија е со нас, ние сме заедно со Италија, атмосферата е позитивна.“