Откако Сирија вчера официјално ја објави веста за уништување-соборување на израелскиот авион и 4 ракети јужно од главниот град Дамаск, кои не успеале да ја постигнат својата цел, израелската армија синоќа ја отврли ова вест.

Извор од внатрешносѕа на сириските безбедносни сили, претходно, за рускиот медиум РИА Новости изјавил сириската противзвоздушна одбрана над населбата Ал-Кишва, јужно од Дамаск, соборила израелски воен авион и четири ракети. Претходно, сириските државни медиуми објавија дека сирискиот ПВО во четвртокот соборил неколку цели на небо над јужните делови на земјата.
“Извештаите за уништувањето на израелските воздухоплови или некои други израелски воздушни цели не се вистинити”, изјавил портпаролот на израелската армија.
Сириската државна телевизиска станица во директна програма ги прикажува активностите на сириската противвоздушна одбрана.










