После еден час лет за Аргентина на самитот на Г-20 авионот на Ангела Меркел слетал принудно

by Administrator

Авионот на германската канцеларка Ангела Меркел која од Берлин тргнал на самитот Г20 во Аргентина принудно слета во Келн.

Според германските медиуми, одлуката за промена и враќање на авионот била направена по еден час летање.

Според некои информации, според некои информации станува збор за технички проблем на електронските системи и наводно немало безбедносен ризик.
Во германската делегација, покрај канцеларката Меркел се наоѓал и министерот за финансии Олаф Шолц.

Канцеларката ќе патува со делегација во Аргентина со друг авион, ам постои можност дека таа ќе задоцни на самитот.

You may also like